Штербик: Нашите мечеви со ПИК Сегед секогаш се вакви, сега ние имавме повеќе среќа

Четврти пат Вардар е подобар од ПИК Сегед во лигата на шампионите, но оваа победа 23-21 за нас значи дека сега сме чекор до првото место во групата. Сега сме лидери во Б групата со 16 бода, на три натпревари до крај на групната фаза.

* Извештај од натпреварот

Мечот беше решен во последните 2 минути кога прво Дибиров украде топка и од контра погоди, а потоа и Душебаев во следниот донесе радост на клупата и на теренот.

„Честитки за ПИК Сегед, и за нивниот тренер кој тука направи одлична работа. Добро игравме во првите 15 минути од натпреварот бидејќи бевме добро подготвени за одбраната 5-1. Имавме и грешки дозволувајќи му на противникот постојано да се враќа во игра. Мислам дека бевме подобри во првото полувреме.Тие одиграа добро од почетокот на второто, но ние го имавме Арпад Штербик, потоа ја сменивме и одбраната. Многу проблеми ни правеше Скубе. На крајот одигравме добро во решавачките минути. Ова е важно за нас и многу сме среќни, зашто е тешко да се игра тука, вели Раул Гонзалез, тренерот на Вардар.

* Фото - галерија од натпреварот

Еден од хероите на натпреварот е голманот Арпад Штербик кој одбрани три пенали и 13 топки вкупно на средбата. Беше нерешлива загатка за ривалот, а столб на одбраната на Вардар. Домаќините со голем аплауз го поздравија Штербик кој во минатото често гостувал во Сегед, како дел од Веспрем, а сега често и со Вардар.

„Секој меч меѓу нас и ПИК Сегед е неизвесен. Резултатот тоа го покажува,и постојано се менуваше од една на друга страна. Сега можеби ние имавме повеќе спортска среќа, па лесно можеше и ПИК Сегед да постигна гол во клучните минути. Но, ние сме среќни за победата што многу ни значи, вели Арпад Штербик, голманот на Вардар.

Во следното коло од ЛШ, Вардар во следното коло е домаќин на Целје.

 

сабота, 18 февруари 2017 - 20:38

Share on Facebook