Штербик и Карачиќ во Ол стар тимот на колото

Арпад Штербик ја има и најдобрата одбрана на колото, а навивачите во СЦ „Јане Сандански" беа најдобри ова коло

Победата на Вардар против европскиот првак Кјелце, 40-34 не остана незабележана од страна на ЕХФ, па Арпад Штербик и Игор Карачиќ се најдоа меѓу најдобрите седум играчи во 6 коло на лигата на шампионите.
Штербик имаше 16 одбрани, а Карачиќ постигна девет голови на средбата.

Горостасниот Штербик доби уште едно признание ова коло, ја имаше најдобрата одбрана. Онаа од пенал на Матеуш Кус во второто полувреме.

Според ЕХФ, навивачите на Вардар се најдобри ова коло во ЛШ. Како изгледа „земјотрес" во СЦ „Јане Сандански"

Најдобри 7 играчи на колото
* лево крило - Џери Толбринг (Кристијанштад)
* лев бек - Момир Илиќ (Веспрем)
* центар - Игор Карачиќ (Вардар)
* десен бек - Недим ремили (ПСЖ)
* десно крило - Мариус Штајнхаусер (Рајн Некар)
* Пивотмен - Јулен Агинагалде (Кјелце)
* Голман - Арпад Штербик (Вардар)

Топ 5 одбрани 
5. Родриго Коралес (Висла)
4. Иван Стевановиќ (ППД Загреб)
3.Генадиј Комок (Мотор Запорожје)
2. Игор Чуприна (Татран)
1. Арпад Штербик (Вардар)

Топ 5 гола

* Најдобрите моменти од мечот Вардар - Кјелце

* Погледнете го целиот магазин на 6 коло на ЛШ 

 

понеделник, 14 ноември 2016 - 01:53