Шишкарев: И благодарам на публиката кој ни даваше поддршка и мотив

Вардар првпат сезонава ремизираше и првпат на меѓусебните дуели со Кјелце, играјќи 28-28 во седмото коло на ЕХФ лигата на шампионите.

Имавме шанса да победиме, но и бод секако е добро. Имавме проблеми со повредите на играчите и некои и воопшто не влегоа во игра. Дибиров и Чупиќ повторно играа како бекови, а го добивме и Калифа Бегдан разигран, расположен за бранење и со 12 одбрани, повеќето во клучните моменти.

„Играчите дадоа сè од себе на овој натпревар. Соочени со големиот број на проблеми и кога ќе се види кој беше денеска на терен сите дадоа максимум. Им благодарам за ова. Се обидовме пред нашата публика да покажеме добра игра и да освоиме два бода. Имавме голем број проблеми. Немавме ни бековска линија, но на крајот треба да сме задоволни со овој бод", изјави Едуард Кокшаров, тренерот на Вардар.

„Против Кјелце секогаш играме тешки средби. И ние и Кјелце покажавме голем карактер дека до крај играме на победа. Ова беше тешко второ полувреме за нас бидејќи после три гола негатива успеавме да се вратиме. И благодарам на публиката која не држеше во игра и не остави во можност. Имавме шанса и за победа, но се случи што се случи, изјави Даниил Шишкарев.

„Им честитам на двата тима за прикажаното бидејќи беше одличен натпревар. Особенбо за тимот на Вардар бидејќи одиграа важен натпревар пред своја публика, а им недостигаа голем број играчи. Чувствувам дека ние загубивме бод бидејќи од мој аспект Вардар освои бод. Игравме против екипа која играше со крила на бек, но голманот н Вардар имаше одлична поддршка од голманот кој имаше 6-7 одбрани само во вториот дел", рече тренерот на Кјелце, Талант Душебаев.

„Ја прекинавме традицијата на Вардар која ја држеше неколку години тука против Кјелце. Вардар не изненади со 7 на 6 со три многу паметни, ниски и брзи играчи. На крајот се виде дека Вардар дојде до заслужен бод. Ова беше посебен натпревар за мене и уживав. Ова е едно ново искуство во животот. Им благодарам на сите и на оваа прекрасна публика. Секако и на играчите на Вардар бидејќи сите ми овозможија прекрасен пречек, изјави Игор Карачиќ, играчот на Кјелце.

сабота, 9 ноември 2019 - 21:20