
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави скратениот список на играчи за двата дуели со Данска во рамките од квалификациите за ЕП 2022 година.
На списокот се наоѓаат и петмина играчи на Вардар 1961: Марко Кизиќ, Димитар Димитриоски, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Филип Талески и Марко Мишевски.
Македонија и Данска ќе играат на 11 март во Скопје од 20:00 часот, додека вториот дуел се игра во Алборг на 14 март од 16:00 часот.
петок, 26 февруари 2021 - 18:03