Шести триумф за Вардар1961 во домашното првенство

Ракометарите на Вардар1961 остварија рутинска победа, 30-24 (15-13) во домашното првенство против Пролет62 и „црвено-црните“ остануваат на првото место на табелата во разигрувањето за титулата. Вардар1961 е лидер со 18 бода, три повеќе од второпласираниот Еурофарм Пелистер.

На дуелот со градскиот ривал Пролет во екипата на Вардар1961 ги немаше Васко Шеваљевиќ и Робен Кантегрел. Во текот на целиот натпревар нашиот тим имаше водство кое во првото полувреме на моменти беше и „плус 5“, а во вториот дел од средбата водевме и со „плус 6“.

Брзо поведовме со неколку голови предност и таа разлика беше во најголемиот дел од првото полувреме. Кон крајот на првите 30 минути падна малку и темпото и концентрацијата и тоа го искористија гостите да намалат на 14-13 во последната минута. На одмор се замина со два гола предност, 15-13.

Второто полувреме донесе повторно предност за Вардар1961 која само се зголемуваше, и на крајот триумфиравме со 30-24.   

* Записник од натпреварот -  vardar1961-prolet.pdf

Во следното коло Вардар1961 гостува кај Металург.

 

среда, 14 април 2021 - 18:25

Share on Facebook