Шампионски старт на кадетите на Вардар

Вардарци се победници на градското дерби со екипата на Шампион во кадетска конкуренција. Избраниците на тренерот Андријана Будимир, во вториот дел од натпреварот ја превземаа иницијативата во играта, успешно наметнувајќи се како подобри за конечен резултат од 23 : 20 (8 : 13). Со истиот состав, Вардар минатата сезона ја освоија шампионската титула на пионерското првенство во организација на РФМ.

Првото полувреме најави интересен натпревар, но црвено – црните беа во сенка на противникот кој подобро го служеше среќата на домашен терен. Иако покажаа голема пожртвуваност и желба да се наметнат, во текот на 30-те минути успеавме само еднаш да израмниме на 6 : 6, по што само се зголеми предноста на противникот. На пауза заминавме со предност на противникот од 5 гола, за 13 : 8.
Вторите 30 минути донесоа пресврт, откако двете екипи се вратија силно мотивирани да се изборат за мечот. Се играше силен натпревар, нашите момци нападнаа остро, што резултираше уште во првите 10 – тина минути двајца играчи на Вардар, Велимир Грујовски и Давид Савревски да ја напуштат играта до крајот на мечот. Во овие минути го имавме и првото израмнување од 13 : 13, што успешно го искористивме да се наметнеме резултатски и веќе во 14. минута имавме предност од 16 : 14. Новата состојба предизвика вознемиреност и во редовите на противникот, што ја вжешти состојбата на теренот. И во еден момент бевме со само 4 ракометари на терен, дисбаланс на силите што Шампион го искористи за да израмни на 16 : 16. Одличната одбрана преку голманите Леонид Чорогунов и Давид Стојкоски функционираше одлично во двете полувремиња и придонесе и со помалку играчи на теренот, да се наметнеме како победници. Најдобриот стрелец на натпреварот, Бојан Чакалиќ со изведување на пенал во 55 минута донесе предност од +2 гола, разлика која успешно ја одржавме до последните секунди на натпреварот за финалнитѕе 23 : 20.
Ова е втора победа на вардарци по стартот на сезоната во кадетската лига.

ШАМПИОН : ВАРДАР 23 : 20 (8 : 3)

ВАРДАР: Давид Стојкоски, Марио Мишевски, Бојан Чакалиќ 7, Борис Павловски 1, Андреј Трајановски, Дамјан Димитриевски, Леонид Чорогунов, Дамјан Србиновски 4, Велимир Грујовски, Давид Савревски 2, Андреј Пешевски, Благој Димчевски 2, Давид Мирчевски 2, Бране Трифуновски, Антонио Пешевски 3, Симон Калајџиески 2.

понеделник, 10 Септември 2018 - 13:15