Сезоната во Супер лигата почнува на 7 септември со дуелот на Вардар јуниор против Радовиш

Новата сезона во машката Супер ракометна лига треба да започне на 7 септември. Екипата на Вардар јуниор ќе игра во домашното првенство, а првиот тим на Вардар ќе се приклучи директно во плејофот по завршување на регуларните 18 кола.

Првиот дел од сезоната е планирано да заврши на 14/15 декември 2019. На пролет 2020 ќе се одиграат преостанатиот дел од натпреварите и најдобрите четири екипи од регуларниот дел ќе продолжат да разигруваат за титулата.
Екипите пласирани од 5 до 10 место на табелата ќе разигруваат во плеј-аутот.

Во машката Супер лига покрај Вардар јуниор сезонава ќе играат и екипите на: Металург, Металург 2, Пелистер, Струга, Радовиш, Охрид, Пролет, Работнички и Бутел.

Распоред на натпревари на Вардар јуниор
1 коло: Радовиш - Вардар јуниор
2 коло: Металург - Вардар јуниор
3 коло: Вардар јуниор - Бутел
4 коло: Струга - Вардар јуниор
5 коло: Вардар јуниор - Охрид
6 коло: Металург 2 - Вардар
7 коло: Вардар јуниор - Пролет
8 коло: Работнички - Вардар
9 коло: Вардар јуниор - Пелистер

 

петок, 16 август 2019 - 11:54