Сезоната во СЕХА почнува на 3 септември

Канцеларијата на СЕХА Газпром лигата ги објави термините за играње на натпреварите во 9. сезона на регионалното натпреварување. Вардар ќе биде дел од лигата, а евентуланите противници, односно распределбата на тимовите во групите ќе биде направено дополнително.

Она што во оваа сезона ќе биде унифицирано се термините за играње на натпреварите. Ќе бидат можни три термини: 17,15 часот, 19 часот и 20,45 часот.

Со оглед на тоа што сезонава ќе има две групи по 6 екипи, во регуларниот дел од сезоната треба да се одиграат вкупно 10 натпревари. Овој регуларен дел од сезоната треба да заврши на 15 декмеври.

Планирано е да има и два плејоф натпревари, и тие ќе се играат на почетокот на февруари 2020 година (дома - гости).

Потоа во март ќе има и два четврт-финални средби (7/8 март и 14/15 март). Победниците од тие средби ќе се пласираат на Ф4 турнирот што е закажан за 3-5 април. Домаќинот дополнително ќе биде одреден.

Од Македонија ќе има два екипи, Вардар и еурофарм Работник, и тие ќе бидат во различни групи.

Календар за сезоната 2019/2020:

1 коло
3/4 септември 2019 (вторник, среда)

2 коло
7/8 септември 2019 (сабота, недела)

3 коло
17/18 септември 2019 (вторник, среда)
24/25 септември 2019 (вторник, среда) - резерва

4 коло
1/2 октомври 2019 (вторник, среда)

5 коло
5/6 октомври 2019 (сабота, недела)

6 коло
29/30 октомври 2019 (вторник, среда)
5/6 ноември 2019 (вторник, среда) - резерва

7 коло
12/13 ноември 2019 (вторник, среда)
19/20 ноември 2019 (вторник, среда) - резерва

8 коло
3/4 декември 2019 (вторник, среда)

9 коло
10/11 декември 2019 (вторник, среда)

10 коло
14/15 декември 2019 (сабота, недела)


Плејоф 1 меч

1/2 февруари 2020 година (сабота, недела)

Плејоф 2 меч
11/12 февруари 2020 (вторник, среда)

 

1/4 финале - 1 меч
7/8 март 2020 (сабота, недела)

1/4 финале - 2 меч
15/15 март 2020 (сабота, недела)

 

Ф4 турнир
3/4/5 април 2020 (петок, сабота, недела)

 

понеделник, 1 јули 2019 - 15:43