Сезоната во СЕХА ја почнуваме со градско дерби

Трикратниот победник во регионалната СЕХА Газпром лига, тимот на Вардар во новата сезона во првото коло повторно ќе игра градско дерби против Металург. СЕХА лигата го објави распоредот на натпреварите за новата сезона што според планот треба да почне на крајот на август, со редовно коло на 29 или 30 август.

Вардар во периодот од 25 до 28 август треба да игра на Супер Глоуб во Доха, а потоа да му гостува на Металург. Сезонава ќе играат 10 екипи од шест земји. Остануваат старите пропозиции, се играат 18 кола, а пото анајдобрите четири ќе играат на Ф4 турнирот.
Ф4 турнирот во СЕХА Газпром лигата ќе се одржи на 4 и 5 мај, а местото дополнително ќе биде одредено.

Во есенскиот дел од сезоната треба да се одиграат 12 кола, со тоа што последниот натпревар треба да биде на 16 или 17 декември, а Вардар треба да биде домаќин на Мешков.
Пролетниот дел почнува на 3 февруари, а последното 18 коло е планирано да се одигра на 17 и 18 март. Потоа следува повеќе од еден месец за подготовка за Ф4 турнирот.

Сезонава нов тим е Динамо Панчево, а по едногодишна пауза се враќаат екипите од Србија, односно Војводина и Динамо Панчево. Во однос на лани сега ги нема екипите на Веспрем (Унгарија) и Извиѓач (БиХ).

* Комплетен распоред за новата сезона во СЕХА Газпром лигата

Распоред на натпревари на Вардар

1 коло: Металург - Вардар
2 коло: Вардар - Горење
3 коло: Мешков - Вардар
4 коло: Вардар - Татран
5 коло: Целје - Вардар
6 коло: Вардар - ППД Загреб
7 коло: Вардар - Динамо Панчево
8 коло: Нексе - Вардар
9 коло: Вардар - Војводина
10 коло: Вардар - Металург
11 коло: Горење - Вардар
12 коло: Вардар - Мешков
13 коло: Татран - Вардар
14 коло: Вардар - Целје
15 коло: ППД Загреб - Вардар
16 коло: Динамо Панчево - Вардар
17 коло: Вардар - Нексе
18 коло: Војводина - Вардар

 

четврток, 13 јули 2017 - 14:45