Сезоната во домашното првенство почна со висока победа

Новата сезона во домашното ракометно првенство за Вардар1961 почна со висок триумф против новакот Скопје 2020. „Црвено-црните" покажаа дека без разлика на составот со кој играат се сериозни конкуренти за титулата и Купот. Триумфот од 48-24 (25-11) е последна контрола пред почетокот на сезоната и во Лига на шампионите каде Вардар гостува во Норвешка кај Елверум.

За дуелот со Скопје во составот на Вардар шанса добија најмногу домашните играчи. Сите што играа се запишаа во листата на стрелци, со исклучок на голманите. Од интернационалците во составот беа само Куни Моралес, Џереми Тото, Анте Гаџа и Дарко Ѓукиќ.

Само до третата минута од натпреварот гостите „држеше чекор" кога Леонид Киселовски постигна два гола и го израмни резултатот 2-2. Потоа се беше во знакот на Вардар. Гостинскиот тренер во 17 минута го побара првиот тајмаут на мечот во моменти кога Вардар водеше со 12-6. Но, и после тој тајм аут продолжи доминацијата на Вардар и до крајот на полувремето „црвено-црните" водеа со 25-11. Веќе тогаш се беше решено на средбата.

Тренерот Веселин Вујовиќ им даде шанса на сите да влезат во игра. Гол разликата што ја имаше Вардар која се зголемуваше постојано беше причината поради која ниту еден тим до крајот на побара тајм аут. Се беше решено, освен прашањето со колку разлика Вардар ќе го заврши мечот и дали ќе стигне до „50".

Во следното коло Вардар е домаќин на Радовиш, а тој натпревар се игра во петок во Скопје.

* Фото-галерија од натпреварот - 

Вардар - Скопје 48-24 (25-11)

ВАРДАР: Ристовски, Томовски, Гогов, Јагуриновски 3, Стоилов 1, Моралес 5, Гоергиевски 6, Карапалевски 3, Савревски 3, Тото 2, Гаџа 1, Талески 7, Дибиров 7, Ѓукиќ 5, Атанасовски 2, Мишевски 3.

* Записник од натпреварот - vardar1961-skopje2020.pdf

понеделник, 13 Септември 2021 - 09:23

Share on Facebook