Сезоната почнува на 15 септември: Вардар јуниор е домаќин на Радовиш во првото коло

Новата сезона во машката Супер лига ќе почне на 15 септември, а Вардар јуниор ќе биде домаќин на тимот на Радовиш.

Според договорот на клубовите првиот дел од сезоната ќе заврши на 15/16 декември. Во иднина новина е што секое откажување на тимови што веќе се пријавиле за настап ќе се казни со забрана за играње од три сезони, исто како и службеното лице.

Сезонава останува истиот систем на натпреварување, односно ќе се игра еднокружен систем со 18 кола. Потоа првите четири од регуларниот дел заедно со Вардар и со Металург продолжуваат во плеј офот за титуала, а другите шест ќе играат за опстанок.

Двојки за првото коло
Пелистер - Еурофарм Работник
Пролет - Охрид
Бутел - Прилеп
Борец - Струга
Вардар јуниор - Радовиш

 

петок, 22 јуни 2018 - 12:06