Селекторот Гонзалез ги повика Стоилов и Поповски за квалификациите за СП 2019

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за двете бараж средби за пласман на Светското Првенство 2019 против селекцијата на Романија.

На списокот се наоѓаат и Стојанче Стоилов и Мартин Поповски. Сениорската машка репрезентација двете средби од баражот за СП против Романија ќе ги одигра на 10 и 13 јуни 2018. Првата средба на 10 јуни се игра во СЦ „Борис Трајковски", додека реваншот на 13 јуни ќе се одигра во градот Клуж.

ПОШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ВО СЕНИОРСКА МАШКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Јане Цветковски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Димитар Димитриоски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Костадин Петров

 

понеделник, 28 мај 2018 - 17:28