СЕХА Ф4: Вардар - Мешков, финале пред финале

Без сомнеж може да кажеме дека мечот меѓу Вардар и Мешков Брест ќе биде финале пред финалето. Натпреварот е закажан за утре (петок, 13 април) во 17,45 часот во СЦ „Јане Сандански"

Минатата сезона белорускиот шампион загуби во полуфиналето по изведување на пенали против Веспрем. Од другата страна, Вардар продолжи до финалето и ја освои нивната трета СЕХА титула. Оваа сезона, двата тима се единствени од СЕХА тимовите коишто се пласираа во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Затоа и нивната средба претставува средба на двата најдобри тима сезонава од СЕХА – Газпром лигата.

Двата тима досега во СЕХА Газпром лигата имаа 12 средби, од кои Мешков Брест на три славешее победа, и интересно е да се спомне дека една од овие победи (28 : 27) беше на полуфиналето во 2015 година во Веспрем. Два од нивните натпревари завршија со реми, а еден од нов се одигра почетокот на февруари (25 : 25) и ова е единствениот меч на кој Вардар сезонава не успеа да победи.

Вардар има седум победи, и тоа на последниот натпревар што годинава се одигра на домашен терен ја имаа највисока победа воопшто (31 : 23).
Ова ќе биде битка на одбраните. Пред средбата треба да се знаат две многу важни нешта – Мешков за првпат на СЕХА Ф4 се појавија во Скопје пред пет години и завршија на последно место. Таа година ППД Загреб ја освои титулата откако во регуларниот дел од сеозната заврши на четврто место. Сега Мешков во финалниот турнир влегува како четврт во регуларниот дел од сезоната.

Раул Гонзалез - тренер на Вардар
„Сите не сметаат за фаворити на оваа средба, но ние мораме да одработиме добро на сите средби ако сакаме успех. Ни следува полуфинале против тежок ривал каков што е Брест Мешков. Се работи за одлична екипа, која игра квалитетно и поседува квалитетн тим. Ние ќе играме пред нашите верни навивачи, па тоа ќе ни биде од голема помош особено на првиот натпревар. Ќе се соочиме со екипа која има одличен тренер и екипа која секогаш игра мотивирано против нас. Мораме да одиграме добро и цврсто во одбраната и да ги искористиме нашите контри", коментираше Раул Гонзалес.

Сергеј Бебешко - тренер на Мешков
„Среќен сум што сме уште еднаш меѓу најдобрите четири екипи во СЕХА-лигата. Играме против Вардар, кој е домаќин, а тоа е силен ривал кој во моментов е еден од најсилните тимови во Европа. Имаме кратко време за адаптација, а утре треба да се обидеме да го совладаме Вардар. Ни недостигаат тројца важни ракометари кои се повредени во моментов"

Стојанче Стоилов - играч на Вардар
„Минатиот пат кога игравме во Скопје загубивме од екипата на Загреб, па сега ќе обидеме да стигнеме до посакуваниот резултат. Сега играме во нашата сала и ќе се соочиме со екипата на Брест која ја респектираме максимално. Се надеваме дека сега нема да ни се случи истото од минатиот пат и очекуваме да играме во финалето"

Вид Потеко - играч на Мешков
„Се обидовме да дојдеме до 2. место во регуларниот дел од сезоната за да го избегнеме Вардар во полуфиналето. Сепак, имавме силен ритам во текот на целата сезона играјќи и во Лигата на шампионите и на крајот имавме пад. Со тоа не успеавме да го оствариме она што го посакувавме. Оттаму немавме избор и моравме да се соочиме со најдобриот тим во моментов во Европа, Вардар"

 

четврток, 12 април 2018 - 16:22