Седум кадети на Вардар повикани во репрезентацијата на Македонија

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац повика седуммина ракометари на Вардар за настап на меѓународен турнир во Полска на крајот од месецов.

На списокот на кадетската репрезентација се најдоа: Марко Кизиќ, Андреј Петковски, Ален Ќосевски, Васе Наков, Тони Атансовски, Мартин Карапалевски и Мартин Мајсторовски.

Турнирот во Полска се игра од 26 до 30 октомври, а подготовките на репрезентацијата се закажани за 22 октомври.

Списоск на повикани ракометари - spisok_na_povikani_rakometari_za_kadetska_reprezentacija.pdf

понеделник, 16 октомври 2017 - 13:38