Седма победа за Вардар1961 во домашното првенство

Првиот дел од разигрувањето за титулата во првенството на Македонија заврши, а Вардар1961 има максимални седум победи. Во последниот меч како гости во Автокоманда, „црвено-црните" триумфираа со 31-27 (15-15).

Дуелите со Металург секогаш носеле посебен мотив, а овојпат Вардар1961 иако беше фаворит дури во второто полувреме успеа да направи резултатска предност која му донесе триумф. Игравме без Кантегрел, Валчак и Дисингер на средбата.

Најинтересно беше првото полувреме во кое и Вардар1961 и Металург имаа водство, и се менуваа, но без притоа некој да направи посериозна разлика. Домашните ракометари поведоа и со 14-11 во 27 минута, но во следните три минути Вардар со трите гола на Дибиров и последниот на Чупиќ од пенал израмнија на 15-15.

Ниту во вториот дел не изостана неизвесноста, иако Вардар од самиот почеток поведе. Во 42 минута веќе водевме со 23-19 како најава дека би требало да заминеме како победници.
Наместо да се одржува предноста па и да се зголемува на нашите грешки домашните возвраќаа со голови и неизвесноста се врати откако Серафимов намали на 23-24.

Потоа следуваа моменти во кои Дибиров, Чупиќ и Калараш со три гола по ред повторно зголемија на 27-23. На осум минути до крај на средбата изгледаше дека веќе нема време, а ниту Металург има сила да се врати во игра, па четирите гола предност останаа до крај.

* Фото-галерија од натпреварот

Металург - Вардар1961 27-31 (15-15)
ВАРДАР1961: Ристовски, Шеваљевиќ 1, Јагуриновски, Стоилов 2, Димитриоски, Георгиевски 3, Јотиќ 3, Калараш 2, Гаџа 4, Чупиќ 6, Талески, Дибиров 7, Векиќ 3, Атанасовски, Мишевски, Кизиќ.

* Записник од натпреварот - metalurg_-_vardar1961.pdf

 

сабота, 17 април 2021 - 18:05

Share on Facebook