Сакаме победа против Елверум за крај на групната фаза од ЛШ

Вардар со домашен натпревар против норвешки Елверум ја завршува групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите. Без разлика на резултатот од мечот Вардар ќе биде петтопласиран во групата и ќе се пласира во осмина-финалето.

Натпреварот со Елверум е закажан за в среда во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански". Билетите за натпреварот се веќе во продажба преку www.kupikartizase.com

Првиот натпревар меѓу Елверум и Вардар одигра во септември 2021 година, заврши со реми, 27-27.
Натпреварот поголемо резултатско значење има за норвешкиот тим кој се бори за пласман во осмина-финалето, и сега има ист број бодови со Загред.

„Мора да продолжиме со работа, иако сигурно сме петто место, ова за нас е ова важен меч. Сите ракометари сакаат да играат, играме дома и мора да напредуваме и секој ден да бидеме се подобри. Елверум игра добро на гости, станнува збор за добар противник на кој му требаат бодови, а за нас е шанса да видиме до каде сме. Мора да играме на победа. Имаме многу играчи во ротација. Ќе видиме кој од новите ќе се вклопи во системот. Анте Гаџа се враќа и можеби ќе игра, а Додиќ веќе некое време тренира со нас и ќе настапи со Елверум. Ние одиме на победа, без разлика кој ќе игра", изјави Давид Дејвис, тренерот на Вардар.


„Така се случи со Брест ние да ги добеиеме бодовите и овој меч со Елверум не ни значи резутлатски. Но играчки многу ни значи, последен од ЛШ сакаме да ја завршиме со победа и на добар начин да отидеме во елиминациите. Елверумм е квалитетен тим, анализиран, одиграа една одлична групна фаза, на сите натпревари беа во егал, победија и некои фаворити, со самото мислам дека ќе биде квалитетен и неизвесен натпревар. За нив ќе значи бидеји имаат ист број бодови со Загеб, но тоа нас не треба да не загрижува и треба да си ја гледаме нашата игра", вели Гоце Георгиевски, десното крило на Вардар.

понеделник, 7 март 2022 - 13:18

Share on Facebook