Рутинска гостинска победа за Вардар кај Пролет

Вардар успешно се справи на гостински терен со Пролет каде „црвено-црните" во 7. коло на Супер лигата триумфираа со 35-26 (18-12). Со триумфот, Вардар го задржа лидерското место на табелата во домашната Супер лига со 21 бод.

Од самиот почето Вардар иако повторно со комбиниран состав, без некои од најдобрите интернационалци, и без голманот Борко Ристовски од самиот почеток тргнаа во напад, и после 11 минути имаа водство од 4-8, а само три минути подоцна и „плус 5" за водство 10-5.

Вардар го имаше расположениот Мартин Томовски кој во првото полувреме одбрани 8 упатени топки кон неговиот гол, плус еден пенал. Голманите на Вардар заедно на средбата има 12одбранети топки и плус четири седмерци.

Разликата од 4-5 гола се задржа до крај, а во последните секунди од првиот дел со цепелин Тимур Дибиров првпат му донесе водство на Вардар од „плус 6" за 18-12. Изгледаше како веќе да е завршена работата, иако остануваа уште 30 минути за играње.

Само што судиите свирнаа за почеток на второто полувреме, Стоилов од центарот го изненанди голманот Јане Цветковски кој не беше убаво поставен, па Вардар почна со „плус 7" гола предност, 19-12.
Разликата продолжи да се зголемува. Свежите играчи на Вардар кои постојано се менуваа лесно погодуваа, а одбраната се справуваше со домашниот напад. За само седум минути играње во второто полувреме Вардар имаше предност од 25-16 како највисока предност дотогаш на средбата.

„Десетката" првпат „пукна" во 44 минута кога Карапалевски погоди за 27-17. Вујовиќ реши да им даде шанса на Савревски, Ќосевски, Добревски, Атанасовски, Гогов.... За шест минути Пролет успеа да намали на 21-28 во 50. минута, па тоа беше момент за тајмаут за Вујовиќ. Младите брзо се вратија на „плус 9", а потоа Пролет уште полесно намали на оние седум гола негатива што претходно ги имаа.

До крајот немаше изненадувања, разликата од 8-9 гола се задржи до крај на натпреварот за нов триумф на „црвено-црните".

* Записник од натпреварот - prolet_-_vardar_16.10.2021.pdf

Во следното коло Вардар е домаќин на Прилеп. Пред одигрување на мечот со Прилеп, ракометарите на Вардар треба да го одиграат и мечот од ЕХФ лигата на шампионите со Алборг во Данска во среда.

 

сабота, 16 октомври 2021 - 23:33

Share on Facebook