Ристовски во најдобрите 7 на колото

Голманот на „црвено-црните" Борко Ристовски имаше 18 одбрани и дополнително постигна четири гола, па ЕХФ немаше дилеми и нашиот голман се најде во идеалниот тим на колото.

Вардар 1961 одигра нерешено, 25-25 со Порто во 5. коло од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите, и по 3 одиграни натпревари „црвено-црните“ имаат три бода. Ние имаме и плус две одложени средби, со Елверум и со ПИК Сегед.

Тим на 5. колото:

Голман: Борко Ристовски - Вардар
Лево крило: Тилен Кодрин - Целје
Лев бек: Сандер Сагосен - Кил
Среден бек: Игор Карачиќ - Кјелце
Десен бек: Алекс Душебаев - Келце
Десно крило: Никлас Екберг - Кил
Пивот: Виктор Итуриза - Порто

петок, 23 октомври 2020 - 14:56