Регуларна продажба на сезонски билети

Сите што сакаат да купат сезонски билети за натпреварите на РК Вардар истото можат да го сторат од денеска до 9 септември, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и онлајн преку www.ticketplus.mk.
Во продажба се пуштени и сезонските билети што не беа заменети за времетраењето на приоритетната замена.

Сезонскиот билет за сезоната 2019/2020 овозможува влез на:
* Сите натпревари од групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите
* Сите домашни натпревари од СЕХА Газпром Лигата
* Сите домашни натпревари од Супер лигата во Македонија
* Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето во Македонија

ЦЕНА НА СЕЗОНСКИТЕ БИЛЕТИ
*Цената на сезонските билети за сезоната 2019/2020 се:
- 2.200 денари за трибините
- 2.550 денари за А блоковите
Вардар во сезоната 2019/2020 влегува како актуелен европски првак, шампион на СЕХА Газпром лигата и домашното првенство на Македонија. Сезонските билети овозможуваат влез на сите домашни натпревари на кои организатор и домаќин е РК Вардар.

Сезонава Вардар ќе игра во Б групата од ЕХФ Лигата на шампионите. Противници на Вардар ќе бидат екипите на: Веспрем, Кјелце, Мотор Запорожје, Кил, Мешков, Порто и Монпелје.
Во СЕХА ГАЗПРОМ лигата Вардар ќе игра во група со: Нексе, Татран Прешов, Војводина, Пекинг  Универзитет и Мотор Запорожје.

 

РЕГУЛАРНА ПРОДАЖБА НА СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ

22 август - 9 септември 2019

Сите места во салата што ќе бидат слободни (по завршување на приоритената продажба) ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Регуларната продажба на сезонски билети ќе се врши на касата на билетарницата на СЦ „Јане Садански" секој работен ден од 10 до 18 часот и он лајан преку www.ticketplus.mk
По завршување на овој период повеќе нема да има сезонски билети во продажба, туку ќе следува поединечна продажба за секој натпревар поединечно.

 

РЕГУЛАРНА ПРОДАЖБА НА ПОЕДИНЕЧНИ БИЛЕТИ
За секој меч од ЕХФ лигата на шампионите ќе има известување кога ќе бидат пуштени во продажба поединечните билети и нивната цена.
Првиот домашен натпревар во ЕХФ лигата на шампионите ракометарите на Вардар ќе го играат на 22 септември против Порто во СЦ „Јане Сандански" од 17 часот.

* Распоредот на натпреварите од групната фаза за ЕХФ лигата на шампионите и првите 10 кола можете да го најдете тука.

* Повеќе детали за РЕГУЛАРНАТА продажба на сезонски билети можете да добиете на телефон: +389 2 2401 980 или на е-маил: info@ticketplus.mk

 

четврток, 22 август 2019 - 10:01