Раул Гонзалез ја предводеше Македонија до пласман на ЕП

Машката ракометна репрезентација на Македонија по петти пат се пласираше на завршниот турнир на ЕП, и при тоа освојувајќи го првото место во квалификациската група. Нашиот тренер Раул Гонзалез и капитенот Стојанче Стоилов беа дел од успехот, продолжувајќи ја сезоната во која покрај освојувањето на четирите трофеи на клупски план, сега се придодаде и одличен резултат на репрезентативно ниво.

Македонија во последниот меч од квалификациската група ја победи Чешка со 33-20 (16-10) и така на убедлив и доминантен начин го освои првото место. Уште пред почетокот на натпреварот беше јасно дека без разлика на резултатот Македонија сигурно ќе игра на ЕП, но мотивот беше да се биде прв во групата за да бидеме подобро рангирани во ждрепката што е закажана за 23 јуни во Загреб.

Македонија сега ќе биде во првите два барабани за ждрепката, бидејќи е една од победниците на групите. Тоа ќе ни донесе и „полесни" ривали во групната фаза од ЕП во јануари 2018 година во Хрватска.

Откако Раул Гонзалез ја презеде репрезентацијата нашите ракометари постигнаа две победи, против Исланд и Чешка, едно реми со Украина на гости, и минимално бевме поразени на гостувањето во Исланд.

Последниот меч од квалификациската фаза донесе возбудувања само на почетокот. Дотогаш Чесите се држеа. Последен пат имаа негатива од 7-6 со надеж дека можат да одржуваат чекор со разиграните македонски ракометари. Тогаш дојде серијата со која Македонија зголеми на 11-7 и 12-7. Најавивме дека не само што ќе бараме победа, туку и ќе се обидеме да победиме со повеќе од седум голови, и да докажеме дека високиот пораз на првиот меч беше само лош ден за Македонија.

Шесте голови предност на полувреме, 16-10 во вториот дел ги зголемивме на „плус 10" во 44 минута кога имавме предност од 25-15. Немаше дилеми околу победникот, и сите очекуваа што побрзо да заврши натпреварот. Имавме можност некои од акциите да ги завршуваме и со цепелини, па дури и да ги казнуваме гостите за нивната игра без голман.
На крајот со „плус 13“ ги испартивме Чесите дома, а ние го продлавивме новиот 10. пласман на Македонија на големите натпреварувања.

* Статистика од натпреварот - makedonija_-_ceska_statistika.pdf

понеделник, 19 јуни 2017 - 09:29