Ракометарите добија „Медал за заслуги за Македонија“, а клубот „Повелба на Република Македонија“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги одликуваше членовите на ракометниот клуб Вардар со „Медал за заслуги за Македонија", а на ракометниот клуб Вардар му го додели признанието „Повелба на Република Македонија".

Членовите на Вардар се одликуваат со „Медал за заслуги за Македонија" за постигнатите врвни резултати во ракометот на домашен и на меѓународен план, а особено за спортскиот подвиг, освојувањето на титулата европски клупски шампион што е од исклучително значење за Република Македонија.

Вардар е прва екипа што го добива ова признание, а претходно вакви ордени добија репрезентативците на Македонија во кошарка (2011 година) и во ракомет (2012 година).

Фото: Денис Дуковски

вторник, 6 јуни 2017 - 20:50