Пуштени во продажба билетите за дуелите со Мешков и со Барселона

Од денеска во продажба се пуштаат билетите за следните два домашни натпревари на Вардар во лигата на шампионите, против Мешков и против Барселона.

На 3 ноември Вардар е домаќин на Мешков Брест, а следниот викенд на 11 ноември ќе ја пречекаме Барселона во СЦ „Јане Сандански"

Во продажба се пуштени поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.

Цената на поединечните билети за дуелот со Мешков и со Барселона се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите

Билетите може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk

По четири одиграни натпревари во група А во Лигата на шампионите Вардар е лидер со максимален број на бодови. Овој викенд нашиот тим гостува кај Кјелце во Полска.

 

среда, 10 октомври 2018 - 09:00