Првенството во Супер лигата почнува на 7 септември

Новата сезона во машката супер лига треба да почне на 7 септември и првиот дел од сезоната би требало да заврши најдоцна до 15 декември. Ова го решија суперлигашите на својата годишна конференција на клубовите. До 30 јуни сите клубови што имаат право на настап во елитата треба да го потврдат своето играње, а потоа ќе се организiра и ждрепка за двојките.

Во супер лигата ќе има седум тимови од Скопје – Работнички, Вардар, Металург, Пролет, Бутел Скопје, Металург 2 и Вардар Јуниор, плус Охрид и Струга, битолските ривали Пелистер и Еурофарм Работник, како и тимот на Радовиш.

Вардар и Еурофарм Работник ќе играат во СЕХА лигата и ќе се приклучат во домашното првенство во плје-офот напролет. Нашата втора екипа Вардар јуниор ќе биде дел од машката Супер лига.

Меѓу најважните промени во пропозициите за новата сезона се:

* Секоја екипа што настапува во ЕХФ натпреварување, а домашните натпревари се совпаѓаат со меѓународните својот меч дом амора да го одигра најмалку 14 дена претходно.
* салите каде се игра мора да бидат обезбедени со систем за греење-ладење, а минималната температура да биде од 16 до 24 степени.
* осветлувањето да биде 800 лукса и истото д абиде рамномерно распоредено низ целиот терен.
* клубот домаќин е одговорен за безбедноста на службените лица од самото влегување во салата до самото заминување од салата.
* Лајф стрим од домашните натпревари е обврска за домашната екипа
* во натпреварувачката сезона клубот може да регистрира најмногу 28 играчи. По завршување на преодниот рок нема можност за регистрирање нови играчи.

 

среда, 19 јуни 2019 - 16:06