Првенството продолжува на 28 февруари, плеј-офот почнува на 21 март

Разврската за титулата во домашното првенство почнува на 21 март кога треба да се одиграат првите мечеви од плеј-офот на најдобрите шест екипи. Тогаш и екипата на Вардар ќе се приклучи во трката заедно со Еурофарм Работник и со четирите најдобри екипи од регуларниот дел на првенството.

На полугодишната конференција на клубовите од Супер лигата договорени се термините за продолжение на првенството, како и за Куп натпреварите.

Планирано е да се одиграат десет кола во плеј-офот и најдобриот да ја освои титулата. Последното коло од плеј-офот планирано е да се одигра на 27 и 28 мај 2020 година.
Во ист временски период треба да се одиграат и мечевите од а опстанок, односно плеј-аут. Таму ќе игра Вардар јуниор, со тоа што се пренесуваат бодовите од мечевите со екипите што исто така ќе играат во плеј-офот.

Прво треба да се одиграат четирте останати кола од регуларниот дел на сезоната. Тие дуели се планирани за периодот од 29 февруари до 15 март 2020 година.

Завршницата на Купот на Македонија е предвидена за 16 и 17 мај. Четвртфиналните групи се во април, на 11 и 12, а најдобрите од секоја група ќе играат на Ф4.
Во текот на февруари 2020 ќе се изврши ждрепка за двојките од плеј-офот.

 

среда, 25 декември 2019 - 17:22