Прва победа за младинците на Вардар јуниор

Младинците на Вардар јуниор со победа го отворија пролетниот дел од сезоната 2017/18. Избраниците на Пепи Манасков во СЦ Кале, на мечот против екипата на Радовиш победија со 26 – 24 (11 – 12), што е и прва победа за нашата екипа сезонава.

Одигавме меч со пикови, како на позитивната страна, така и на негативната со долги паузи без голови. Првиот пад во играта беше уште на стартот, препуштајќи ја иницијативата на противникот, кој со 4 – 1 брзо го превзема водството. Тренерот Манасков немаше избор освен да побара тајм – аут. Се вративме во игра посконцентрирани од претходно и набрзо резултатот беше 5 -5. И повторно следеа минути во кои постигнавме само еден гол, а примивме 7, со што Радовиш беше во предност со 12 – 6. До истекот на 30. минути успеавме да се вратиме во форма и пред да заминеме на пауза да го намалиме водството на гостинот на 12 – 11. Во вториот дел од натпреварот, продолживме резултатски да го следиме противникот, не дозволувајќи му да се одлепи и во 50. минута за првпат имавме предност од +1 гол за 19 – 18. Овој пресврт ни ја донесе потребната енергија да го одржиме водството до крајот на мечот, за победа од 26 – 24.

Вардар јуниор – Радовиш 26 – 24 (11 – 12)

Вардар јуниор: Ангеловски, Василевски 5, Игнов, Еленин, Антевски 2, Симевски 4, Хаџидимовски 5, Јакимовски, Јаховиќ 9, Чупетрески 1, Талески, Чакалиќ, Бојковски, Стојановски, Илиевски, Камчев.

понеделник, 12 март 2018 - 09:33