Прва „меч-топка“ за нова титула на Вардар

На три кола до крај на плејофот во првенството на Македонија ракометарите на Вардар ја имаат првата „меч-топка" за освојување на 13. титула. Противник на вардарци е тимот на Еурофарм Работник.

Мечот со битолскиот тим се игра утре (вторник) во 18 часот во СЦ „Јане Сандански".

Со триумф против Еурофарм Работник нашиот тим и теоретски ќе ја потврди титулата. На првиот меѓусебен натпревар во Битола триумфираа вардарци со 30-28. Со потврдата на титулата ќе стигне и пехарот на рекордниот триумф во првенството и ќе бидат доделени медалите.

Вардарци сега имаат 21 бод од седум натпревари, три повеќе од Еурофарм Работник и шест од Металург.

Влезот на натпреварот Вардар - Еурофарм Работник е бесплатен.

 

понеделник, 20 мај 2019 - 16:13