Прв триумф на Вардар во новата сезона

Вардар1961 победи на пријателскиот меч против Металург со 29-24 (15-13) со што го означија почетокот на подготвителниот период во кој ќе се играат натпревари до почетокот на сезоната.

Двата тренери им дадоа шанса на сите играчи што ги имаат на располагање и повеќе се внимаваше на воигрувањето и „барањето" на вистинската седморка која треба да го понесе товарот во текот на сезоната.

Металург го отвори добро натпреварот со имаше водство од еден гол предност, а од 12 минута Вардар1961 првпат поведе и потоа се играше „гол за гол". Во последните минути од првиот дел „црвено-црните" зголемија на 15-13.

Во второто полувреме Вардар1961 беше тимот што беше во водство, иако Металург постојано резултатски беше во игра и израмнија на 21-21. Повторно во последните минути Вардар направи предност од неколку голови.

 * ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ

четврток, 5 август 2021 - 21:29

Share on Facebook