Прв пораз во ЛШ сезонава - Монпелје заминува со бодовите од Скопје

Вардар првпат сезонава во лигата на шампионите останува без бодови на меч од групната фаза. Во 4. коло во Скопје триумфираше тимот на Монпелје со 31-25.

Гостите од Франција од почетокот на средбата имаа водство, кое во текот на второто полувреме беше и „плус 6“. Вардар се обидуваше да најде наши да ја разбие играта на Монпелје, но гостинските ракометари играа полесно, едноставно и брзо. Се обидуваше тренерот Веселин Вујовиќ да ја најде седморката што може да направи пресврт. Но, некогаш не беше проблем играта, колку што беше концентрацијата во моменти кога треба да се релизира. Се промашуваа во серија, се грешеш кога се играше 7 на 6. Сетоа тоа успешно го користеше Монпелје.

Почетокот на натпреварот не беше најдобар за Вардар. Гостите отворија со 2-0, па вардарци мораа брзо да најдат начин да израмнат. Тука следуваше нешто подобра игра од Монпелје, кој уште во 13. минута стигна до плус три, 7-4. Иако Вардар стигна до 7:8 премногу брзо работите се вратија на старо и веќе во 24. минута беше 9-12. Во овој период имаше само периоди на добра игра односно периоди во кои имаше одбрана од Ристовски и потоа лесен погодок. Сепак, бавното враќање во одбрана и брзата игра на Монпелје носеше висока предност.

Вториот дел не донесе ништо позитивно во почетните минути. Во првиот напад Монпелје дојде до гол за плус пет. Потоа беше многу тешко да се врати во средбата. На средина од второто полувреме беше доживеан уште потежок удар бидејќи се дојде до 17-23, а тоа беше период во кој голманот Кевин Бонфоа бранеше феноменално или се поставуваше во вистинско време на место.

Во 52. минута веќе го имаше и решено победникот откако дојде до 28:20, па на Вардар беше само да се обиде да намали и да го ублажи поразот кој веќе беше тешко да се избегне. Завршницата донесе неколку одбрани на Томовски за намалување на шест гола негатива и конечни 25-31, но гостите сосема заслужено дојдоа до триумф.

 

 

* Записник од натпреварот vardar1961vsmontpellier.pdf

* Фото-галерија од натпреварот 

Изјави од прес-конференцијата после натпреварот

Веслеин Вујовиќ - тренер на Вардар1961
„Честитки до Монпелје за победата и перформансите. Во текот на целата игра, Вардар не одигра добро, не како што гледавме на претходните натпревари. Sorryал ми е за ова, бидејќи атмосферата во салата беше одлична. Мораме да го почитуваме Монпелје. Денеска не одигравме добро, но ќе изгледаме посилни по овој натпревар. Сезоната е долга и се надевам дека ќе играме многу подобро во иднина

Бакари Диало  - играч на Вардар1961
„Од самиот почеток почнавме лошо. Монпелје имаше подобар стар и тоа беше пресудно. Вардар секако од овој меч ќе извлече многу поуки. Монпелје мора да се почитува бидејќи и досега покажаа дека се одличен тим. Сезоната е долга и ќе мора подобро да се подготвиме. Секако им благодарам на навивачите за прекрасната атмосфера што ја направија.

Давид Дегој - помошник тренер на Монпелје
„Среќни сме што победивме на вака тежок меч и жешка атмосфера. Му благодарам на Вујовиќ за убавите зборови за мојот тим. Беше тешко да се игра во оваа атмосфера. Треба да се сконцентрираш и да играш фокусирано во сите 60 минути и да се игра н највисоко ниво. Им честитам на моиме момци. Во Скопје дојдовме со доза на стрес како би бил мечот, и се договориле дека мора да ја почитуваат тактиката, особено по домашниот пораз во Франција. Му посакувам многу среќа на Вардар во домашното првенство. Очекувам тежок меч во Франција кога Вардар ќе дојде во Монпелје.

Артур Лене - играч на Вардар1961
„Горд сум што победивме денеска. Беше фантастична атмосфера. Навивачите беа одлични и тешко се игра во такви услови. Благодарение на нашата одбрана на почетокот ние направивме предност. Во Монпелје очекувам исто така тежок меч.

 

 

среда, 13 октомври 2021 - 23:08

Share on Facebook