Прв пораз на Вардар сезонава во првенството

Вардар1961 го задржа првото место на табелата во Супер лигата и покрај поразот од 25-29 на гостувањето во Битола кај Еурпфарм Пелистер. Тоа беше прв пораз на „црвено-црните" сезонава. До крајот остануваат уште четири кола, и во случај на ист број на бодови со битолчани титулата останува во Скопје поради подобрата меѓусебна гол разлика во дуелите со Еурофарм Пелистер.

Вардар1961 имаше и водство во второт полувреме од 19-16, но потоа со серија од 8-0 домашните ракометари направија пресврт и откако поведоа со 24-20 ги решија дилемите околу победникот.

Дуелот почна со предност на Еурофарм Пелистер и тие постојано имаа предност, иако ние не дозволивме тоа да биде со повеќе голови, и во самата завршница намаливме на 12-13, со што се замина на одмор.

Потоа на самиот почеток на второто полувреме го свртевме резултатот во наша корист и имавме и предност. Но нашиот лош период и негативната серија од 0-8 беше причина домашните да слаават.

Во следното коло играме дома со Бутел. До крајот на првенството треба да играме и со Струга, Пролет и Металург.

* Записник од натпреварот Еурфофарм Пелистер - Вардар1961 eurofarm-vardar.pdf 

четврток, 20 мај 2021 - 23:18

Share on Facebook