Против Мешков без Дисингер, Борозан и Горбок

На дербито од СЕХА Газпром лигата против Мешков што е закажани за утре (вторник) во 17,15 часот во Сц „Јане Сандански", актуелниот првак во регионалното натпреварување ќе настапи без тројца играчи.

На листата на повредени се наоѓаат Кристијан Дисингер, Вуко Борозан и Сергеј Горбок. Германскиот интернационалец доби повреда уште во почетните минути на саботниот натпревар од ЕХФ лигата на шампионите против Монпелје. По лекарските прегледи констатирано е дека нема посериозна повреда и тој чувствува болка, и затоа ќе одмора неколку денови.

Вуко Борозан и Сергеј Горбок се уште се опоравуваат, но нема да настапт утре против Мешков.
Средбата против белорускиот првак е последна за Вардар пред домашна публика во СЕХА Лигата. Потоа следуваат гостувања кај Нексе и кај Извиѓач.

Роберто Парондо - тренер на Вардар
"Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, но како и секогаш, нашата цел е да играме добро и да победиме. Пред два дена, ја завршивме групната фаза во Лигата на шампионите и треба да се подготвиме за нокаут фазата. Исто така, ќе играме на Ф4 во СЕХА лигата, но дотогаш имаме уште 3 натпревари во кои ќе се обидеме да ја подобриме нашата игра и формата. "

Димитри Кисељев - играч на Вардар
"Знаеме дека Мешков Брест има добар квалитет и секогаш е тешко да се игра против нив. Тие се многу солидна екипа и имаат одлични поединци. Затоа, мислам дека утре ќе има многу интересен натпревар кој е важен и за Вардар и Мешков, кои постојано играат во СЕХА Лигата и Лигата на Шампионите "

Сите што имаат билет од мечот од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар и Монпелје можат на овој дуелот со Мешков исто така да го проследат мечот бесплатно. Поединечни билети за мечот со Мешков се продаваат преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на Сц „Јане Сандански“

 

понеделник, 4 март 2019 - 13:45