Промена на саатницата за реваншот со Порто

ЕХФ со соработка со домаќинот на натпреварот, екипата на Порто направи измена на саатницата на одигрувањето на натпреварот со Вардар.

Средбата е закажана за 22 февруари 2020 година во Порто, Португалија. Новата саатница на одигрување на натпреварот е 16 часот.

Тоа е меч од 13 коло во Б групата од ЕХФ лигата на шампионите. На првиот натпревар одигран во Скопје победи Вардар со 32-27.

Моментно на табелата Порто има 10 бода, еден повеќе од Вардар.

среда, 4 декември 2019 - 11:33