Промена на Куп термините: Вардар1961-Металург се игра на 13 мај

Наместо планираниот датум, 14 мај за полуфиналните средби од Купот на Македонија, истите ќе се одиграат ден порано. Нашиот дуел со Металург ќе го играме на 13 мај (четврток) во 16,30 часот со ТВ пренос на МТВ 3.

РФМ ги информираше клубовите учесници на Ф4 турнирот од Купот на Македонија дека за да може да се обезбеди директен ТВ пренос треба да има промена на датумот на одигрување.

Саатниците според новиот план се:

13.05.2021 (Четврток)
ПОЛУФИНАЛЕ мажи

1. РК МЕТАЛУРГ - РК ВАРДАР 1961 со почеток во 16.30 ч. МТВ 3

2. РК БУТЕЛ СКОПЈЕ-РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР со почеток во 19.00ч МТВ 3

15.05.2021 (Сабота)
ФИНАЛЕ мажи со почеток во 17.30 часот (МТВ 1)

 

четврток, 29 април 2021 - 11:12

Share on Facebook