Продолжува победничката низа на Вардар, и Мешков заминува поразен oд Скопје

Одличната форма во која се наоѓаат ракометарите на Вардар продолжува, со осмиот триумф по ред сезонава, втор во лигата на шампионите. Нашите ракометари го победија Мешков со 31-27 за останување на врвот во Б групата од лигата на шампионите

Одличната и агресивна одбрана во второто полувреме го донесе пресвртот во играта и резултатот. Вардар со играње 5-1 за само девет минути на почетокот од вториот успеа да го презеде водството и со „плус 5", 20-15 да продолжи да чекори кон вториот триумф во лигата на шампионите. Во тој период Вуко Борозан имаше серија од четири гола, а Страхиња Милиќ неколку одбрани. Вардар „избега резултатски" најавувајќи дека овојпат нема да им дозволи на гостите да освојат бод како што тоа се случи на почетокот на сезоната, но во СЕХА лигата.

* Фото галерија од натпреварот

Нашата добра игра, серијата одбрани и добро реализирани напади беа причина гостинскиот тренер двапати за 18 минути мораше да бара тајм аут за да ги советува играчите. Но, продолжи нашата добра игра и во 51 минута имавме предност од „плус 6", 27-21. Тоа беше веќе најава дека може на трибините да почне славењето. Но, тоа не го мислеше и Мешков. Ги искористија сите укажани шанси за серија од 5-1 и намалување на 29-27 во 58 минута заканувајќи се да го расипе славјето. Лука Циндриќ ги реши сите дилеми со гол во контра, а во последните секунди и Душебаев ја запечати својата одлична игра со својот деветти гол на средбата.

Традиционално на натпреварите меѓу Вардар и Мешков, гостите од Белорусија секогаш биле тврд орев. Така беше и овојпат. Мешков од почеток имаше водство, а во 22 минута и првпат од три гола, 8-11. Последните пет минути од тој дел го минавме во наша иницијатива, и успеавме да израмниме на 13-13, што беше најава дека сме успеале да ги консолидираме редовите.

Сега ни претстои мал период на одмор, бидејќи следниот натпревар го играме дури на 9 октомври во Словенија против Целје.

Вардар - Мешков 31-27 (13-13)
Штербик, Милиќ, Стоилов, Роѓерио 1, Македа 1, Деревен, Карачиќ, Душебаев 9, Абтовиќ 1, Кањељас, Циндриќ 4, Чупиќ 2, Дибиров 4, Шишкарев 2, Борозан 7, Марсениќ.
Мешков: Пешиќ, Рутенка 1, бабичев, Криштопанс 3, Нукуленко, Стојковиќ 8, Тјуменцев 2, Атман, Шумак 2, Вукиќ 2, Продановиќ, Мијатовиќ, Разгор, Остроушко 2, Џамали 5, Шилович 1.

 

сабота, 1 октомври 2016 - 19:41