Продолжува победничката низа на најмладите вардарци

Најмладите ракометари на Вардар се искачија до третата позиција во првата група во пионерска конкуренција, откако ја победија екипата на Аеродром со 25 : 13 (12 : 8). Со 9 бода, пионерите на Вардар се конкуренција за втората позиција, каде по петтото коло се најде екипата на Ангели поради подобрата гол разлика.

До крајот на првиот дел од сезонава остануваат уште две кола, и тоа следниов викенд гостуваме кај Јуниор Кисела Вода, а потоа сме домаќини на Ангели.

Иако првиот гол на натпреварот го постигна екипата на Аеродром, избраниците на Зоран Петковски и Никола Бисинов брзо стигнаа до предност од 5 : 1, а потоа целиот натпревар водеа. Гостите пружија отпор, но успешно одржувавме предност од најмалку 2 гола, а во второто полувреме таа разлика почна вртоглаво да расте. При крајот на натпреварот имавме предност и од +13 гола, што е и најголемата предност постигната на мечот. Победивме со 25 : 13.

ВАРДАР – Аеродром 25 : 13 (12 : 8)

ВАРДАР: Марио Стојановски 2, Давид Младеновски 1, Иле Табаков 1, Давид Славевски 1, Тадеј Аритонов 1, Марјан Гочев, Стефан Ристевски 2, Петар Стојановски, Андреј Петрушевски 2, Матеј Трајановски 1, Мартин Тодороски 2, Петар Колевски, Александар Стојменов 4, Христијан Петковски 2, Виктор Трифуновски 2, Никола Анакиевски 4.

вторник, 4 декември 2018 - 09:02