Продолжи победничката серија на дуелите со Металург

Во првото градско дерби сезонава против екипата на Металург, победата повторно има „црвено-црн" тон, откако Вардар победи со 25-24 (13-13). Ова е деветта победа по ред за Вардар во меѓусебните натпревари, и четврта во СЕХА лигата.

И покрај водството од 24-20 што го имавме во 49 минута, натпреварот доби неизвесна завршница. Металург постигна четири гола по ред за израмнување на резултатот и влегување во неизвесни последни минути. Душебаев во 58 минута го постигна 25 гол за Вардар кој се покажа како победнички.
Петре Ангелов во последните две минути имаше два успешни интервенции од вкупно 15-те на натпреварот. Не успеавме да го реализираме последниот напад, и им оставивме 30 секунди за напад на домаќините. Ударот на Печенковски го одбрани Ангелов.

Вардар на овој меч настапи без Илија Абутовиќ и Хорхе Македа поради повреда, и Стојанче Стоилов кој имаше казна од еден натпревар. Во екипата го немаше ниту Арпад Штербик.

Со многу осцилации играа двете екипи во првото полувреме. Вардар поведе преку Душебаев, а по 10 минути игра имавм епредност од 5-3, и три одбрани на Ангелов.
Металург на тоа возврати со серија од 3-9 и водство од 6-5 најавувајќи дека нема да биде лесно за ниту еден тим.
На ова водство на ривалот ние одговоривме со серија од 4-0 и наше водство од 9-6. Првото полувреме беше добра период з агостинскиот голман Арсиќ кој имаше шест одбранети топки и два пенали. Исто толку одбрани имаше и нашиот Петре Ангелов. Последните седум минути попушти концентрацијата дозволувајќи му на Металург да ги искористи нашите нереализирани напади, за да поведе со 12-11 во 28 минута. Дибиров двапати погоди, а последниот гол беше од пенал за израмнување, 13-13.

Во следното коло, в сабота во СЦ „Јане Сандански" гостува екипата на Веспрем. Тој меч се игра од 20,30 часот.

Фото галерија од натпреварот

Металург - Вардар 24-25 (13-13)
Металург: Петров 2, Младеновиќ 5, Костески 1, Дупјачанец, Арсиќ, Матијашиќ, Кузмановски 1, Печенковски 1, Нелоски 1, Крстевски, Талески 5, Велковски 1, Брајовиќ 3, Пешевски, Палевски, Марчец 4.

Вардар: Недановски, Поповски, Милиќ, Фереира 1, Деревен 1, Карачиќ 4, Душебаев 7, Кањељас, Циндриќ 1, Ангелов (одбрани 15 топки), Чупиќ 1, Дибиров 6, Шишкарев 2, Борозан, Ончев, Марсениќ 2. 

вторник, 6 Септември 2016 - 21:58