Продажба на поединечни билети за следните три меча од ЛШ - со Монпелје, Кил и ПИК Сегед

Со цел да им се овозможува на навивачите навреме да обезбедат билет за некој од следните три домашни натпревари во ЕХФ Лига на шампионите од денеска почнува продажбата на поединечните билети за средбите против Монпелје, Кил и со ПИК Сегед.

* Првиот меч Вардар го игра против Монпелје на 13 октомври во 20,45 часот.
* Вториот дуел е против Кил на 27 октомври во 20,45 часот
* Третиот меч е против ПИК Сегед на 25 ноември 2021 година со почеток во 20,45 часот.

Сите три натпревари се закажани за во СЦ „Јане Сандански".

Дозволено е користење на 30 отсто од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 - 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 - 400 ден.

Блок 1,2 и 9 - 350 ден

Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" два часа (2 часа) пред почетокот на средбата.

Оние што купиле сезонски билети, а не ги замениле со пластифицирани истото ќе може да ги сторат секојдневно на продажното место на купикартиза во ГТЦ во Скопје, или пред самиот почеток на средбата на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" на денот на играње на натпреварот.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

 

петок, 1 октомври 2021 - 09:53

Share on Facebook