
Со цел навивачите навреме да си обезбедат билет за следните натпревари на Вардар на домашен терен, во Лигата на шампионите и во СЕХА газпром лигата од утре (среда) во продажба се пуштаат билетите за сите четири натпревари, против Веспрем и Монпелје во ЛШ и против ППД Загреб и Мешков во СЕХА Газпром лигата.
За двата натпревари во ЛШ цената на билетите е идентична, во зависност од трубината, а додека цената за натпреварите во СЕХА Газпром лигата чинат 50 денари без разлика на местото. Имателите на сезонски билети можат да присуствуваат на сите натпревари.
Првиот домашен натпревар за Вардар е оној на 16 февруари во Скопје во Лигата на шампионите. Натпреварот е прогласен за меч на колото во Лигата на шампионите. Натпреварот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански"
Во продажба ќе се пуштат поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.
Цената на поединечните билети за дуелот со Веспрем и за Монпелје се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите
Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk
До крајот на групната фаза од Лигата на шампионите остануваат уште четири кола. По 10 одиграни натпревари Вардар е на второто место во Група А со 13 бода, еден повеќе од Рајн Некар, Веспрем и Кјелце.
Истите цени ќе важат и за натпреварот против Монпелје од последното коло на ЛШ. Тој меч против актуелниот европски првак е закажан за 2 март во Скопје.
Првиот од групната фаза на ЛШ директно ќе се пласира во четвртфиналето на ЛШ, а екипите пласирани од второ до шесто место ќе играат во осминафиналето на ЛШ. Нивни противници ќе бидат екипи од Група Б и плус уште едне тим што ќе се избори од квалификациите од групите Ц и Д.
Во СЕХА Газпром лигата Вардар треба да одигра уште пет натпревари, од што три на гости и на на домашен терен.
Дуелот со ППД Загреб е за кажан за 27 февруари, а средбата со Мешков се игра на 5 март.
Вардар ќе игра на Ф4 турнирот во СЕХА лигата, што ќе се одржи во април, а местото на домаќинот дополнително ќе биде одредено. Сега остануваат да се одиграат уште средбите од регуларниот дел на сезоната.
Цената за овие натпревари од СЕХА лигата е 50 денари и истите може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk