Продажба на билети за дуелот Вардар - ПИК Сегед

Од денеска почнува регуларната продажба на билети за првиот четврт-финален натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Вардар и ПИК Сегед. Во продажба се пуштени и сите билети што досега не беа заменети со приоритетната замена што траеше до вчера.

Продажбата на влезници за четврт-финалниот меч ќе трае се до распродавање на капацитетот на салата во СЦ „Јане Сандански".
Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед е закажан за 25 април во Скопје во СЦ „Јане Сандански" во 20 часот.

Цената на билетот за четврт-финалниот натпревар против ПИК Сегед ќе чини:
* 400 денари за местата на трибина
* 450 денари за А блоковите

Продажбата на билетите за четврт-финалните натпревари ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот и он лајн преку www.ticketplus.mk.

понеделник, 15 април 2019 - 10:24