Процедура за акредитирање за осмина-финалето на ЛШ

Пред почетокот на осмина-финалните натпревари од ВЕЛУКС Лигата на шампионите за сезоната 2018/2019 ги известуваме сите ТВ, вебТВ и радио куќи околу процедурата за акредитирање на натпреварот на Вардар против ППД Загреб.

Средбите меѓу Вардар и ППД Загреб се играа на 23 март во Загреб, а реваншот е на 30 март 2019 година во Скопје.

Слично како и досега останува истата процедува дека сите дигитални медиуми, ТВ, вебТВ и радио мораат да аплицираат директно во ЕХФ за добивање на акредитација за следење на натпреварите.

Потребно е да се пополни формуларот што е во прилог, и истот да се испрати до ЕХФ Маркетинг.

Пред секој натпревар на ВЕЛУКС лигата на шампионите, Медиа супервизорот (номиниран од страна на ЕХФ маркетинг) ќе ги контактира сите клубовите за да се потврди кој добил акредитација.

ТВ куќата што ќе прави преност од натпреварите нема потреба од акредитирање во ЕХФ маркетинг, туку истото треба да го решат со клубот домаќин.

Сите ТВ и радио права од ВЕЛУКС Лигата на шампионите се во сопственост на ЕХФ маркетинг, па ниту една ТВ, интернет ТВ или радио куќа што нема да добие акредитација нема да може да влезе во салите за време на натпреварите на ВЕЛУКС лигата на шампионите во сезоната 2018/2019.

Сите печатени медиум, новинари и фотографи своите барања за акредитации треба да ги испратат ДИРЕКТНО ВО КЛУБОТ, кој решава за издавањето на истите.

* Сите барања за акредитација мораат да бидат испратени до mediaTV@ehfmarketing.com во .xls или .pdf формат
*Акредитирањето се затвора три дена пред секој натпревар. Секое задоцнување нема да биде здмено предвид
*Акредитациите што нема да бидат точни или половично пополнети нема да се разгледуваат

Формулар за аплицирање

accreditation_form_vcl_18_19_last16.xls

четврток, 7 март 2019 - 09:31