Процедура за акредитирање за мечевите од Лигата на шампионите

Пред почетокот на натпреварите од ВЕЛУКС лигата на шампионите ги известуваме сите ТВ, вебТВ и радио куќи околу процедурата за акредитирање на натпреварите на Вардар за групната фаза.

Слично како и досега останува истата процедува дека сите дигитални медиуми, ТВ, вебТВ и радио мораат да аплицираат директно во ЕХФ за добивање на акредитација за следење на натпреварите.
Барањата за акредитации треба да се испраќаат на: mediaTV@ehfmarketing.com. Сите барања испратени на други адреси нема да се разгледуваат.

Ова се однесува само за ТВ, вебТВ и радио. Новинарите од печатените медиуми и порталите, и фотографите треба да ги испратат своите барања директно до клубот.

За секој натпревар посебно потребно е да се пополни формуларот што е во прилог, и истот да се испрати до ЕХФ Маркетинг. Пред секој натпревар на ВЕЛУКС лигата на шампионите, ЕХФ маркетинг, еден или два дена пред почетокот на мечот ќе испрати листа до клубот на оние медиуми на кои ќе им биде одобрена акредитација.

ТВ куќата што ќе прави преност од натпреварите нема потреба од акредитирање во ЕХФ маркетинг, туку истото треба да го решат со клубот домаќин.

Краен рок за поднесувања барања за акредитација се ТРИ (3) дена пред натпревар. После овој рок нема да се разгледуваат пристигнатите пријави.

Сите ТВ и радио права од ВЕЛУКС на лигата на шампионите се во сопственост на ЕХФ маркетинг, па ниту една ТВ, интернет ТВ или радио куќа што нема да добие акредитација нема да може да влезе во салите за време на натпреварите на ВЕЛУКС лигата на шампионите во сезоната 2019/2020.

Сите печатени медиум, новинари и фотографи своите барања за акредитации треба да ги испратат ДИРЕКТНО ВО КЛУБОТ, кој решава за издавањето на истите.

Формулар за аплицирање - accreditation_form_vcl_19_20_group_phase.xls

 

петок, 23 август 2019 - 21:56