Процедура за акредитирање за мечевите од групната фаза на ЛШ

Сите заинтересирани медиуми кои сакаат да ги следат натпреварите од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите во сезоната 2020/2021 за истите мораат да се акредитираат. Во зависност од тоа дали станува збор за претставници на весници, магазини, ТВ, радио, Веб ТВ потребно е акредитирање или директно во ЕХФ или кај клубот домаќин.

Слично како и претходните сезони сите претставници на ТВ, веб ТВ и радио мораат да се акредитираат директно во ЕХФ. Тоа се однесува за секој претстaвник посебно. Формуларот што се наоѓа во прилог  ( accreditation_form_mcl_20_21_group_phase.xls ) треба да биде пополнет и испратен на mediaTV@ehfmarketing.com.

Нема да биде валидно ниту едно други барање за акредитација, ниту пак испраќање на барање за акредитација на друга емаил адреса.

ЕХФ Маркетинг го задржува правото да одобри или да не одобри акредитација за некој претставник од радио, ТВ или веб ТВ.

Последен рок за испраќање на барањата за акредитација до ЕХФ Маректинг е ТРИ дена пред натпреварот. После овој рок нема да бидат земени предвид испратените барања.

Сите други новинари (весници, магазини, интернет портали) и фотографи своите барања ги испраќаат директно до клубот.
КЛУБОТ решава за бројот на акредитации што ќе биде издаден според бројот на слободни места во салата.

Во прилог е формуларот за акредитирање за ТВ, радио и веб ТВ за сезоната 2020/2021.

accreditation_form_mcl_20_21_group_phase.xls

Со почит,

 

 

вторник, 18 август 2020 - 11:28