Процедура за акредитирање на натпревар Вардар1961 и Еурофарм Пелистер

Пред одигрувањето на натпреварот од плејофот од Супер лигата во Македонија во сезоната 2020/2021 против Еурофарм Пелистер, ве известуваме дека натпреварот ќе биде организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија.
Истиот ќе биде без присуство на публика и со ограничен број на претставници на медиумите.

Натпреварот е закажан за 27 март 2021 година (сабота) со почеток во 17 часот во СЦ „Јане Сандански" во Скопје.

Со зел да се запазат сите препорачани мерки на претпазливост ве информираме дека ќе има ограничениот број на места за новинарите и фотографите за овој натпревар.

Сите редакции кои сакаат да имаат свој претставник на натпреварот ќе мораат ДА СЕ АКРЕДИТИРААТ директно во клубот. Клубот го задржува правото на одобрување или не на бараните акредитации, во согласност со можностите.

Максималниот број на новинари на трибината што ќе може да бидат присутни е ограничен на 12. Сите ќе бидат на трибината за новинарите и секој ќе има свое место за седење и ќе треба да се одржува препорачаната дистанца.

Бројот на фотографи исто така ќе биде ограничен и ќе може да влезат во салата само 8 фотографи. Движењето на фотографите е ограничено исклучиво зад головите и без можност да се користи страната каде се сместени клупите на резервните играчи.

Сите барања за акредитации треба да бидат испратени од ОФИЦИЈАЛЕН Е-МАИЛ НА РЕДАКЦИЈАТА најдоцна до ПЕТОК, 26 март 2021 година ДО 12 ЧАСОТ на следната адреса:

media@rkvardar1961.com

Местото на влез во салата ќе биде дополнително потврден, и на самиот влез на секој акредитиран новинар ќе му биде измерена температура. Секој акредитиран новинар ќе треба претходно да пополни и достави листа со сопствените податоци во случај да има потреба од дополнително контактирање.

На влез задолжително ќе треба да се изврши дезинфекција. За време на движење во салата и за време на натпреварот задолжително е користење на маски на лицето. Движењето во салата треба да се сведе на минимум. Се препорачува да имате со себе вода или течност за пиење бидејќи во салата нема да има продажба на пијалоци.

Нема да има микс зона и можност за земање изјави на терен или покрај теренот. Се препорачува користење на информациите од клупскиот веб сајт и каналите на социјалните мрежи на клубот.
Во текот на натпреварот клубот ќе обезбеди одреден број фотографии за слободна употреба што ќе бидат достапни на социјалните канали на клубот.

Со почит,

среда, 24 март 2021 - 16:43

Share on Facebook