Процедура за акредитирање на натпревар од СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар 1961 и Војводина

Пред одигрувањето на натпреварот од СЕХА Газпром лигата во сезоната 2020/2021 против Војводина, Србија ве известуваме дека натпреварот ќе биде организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истиот ќе биде без присуство на публика и со ограничен број на претставници на медиумите.

Натпреварот е закажан за 28 јануари 2021 година со почеток во 17,45 часот во СЦ „Јане Сандански" во Скопје.

Со зел да се запазат сите препорачани мерки на претпазливост ве информираме дека ќе има ограничениот број на места за новинарите и фотографите за овој натпревар.

Сите редакции кои сакаат да имаат свој претставник на натпреварот ќе мораат ДА СЕ АКРЕДИТИРААТ директно во клубот. Клубот го задржува правото на одобрување или одбивање на бараните акредитации, во согласност со можностите.

Максималниот број на новинари на трибината што ќе може да бидат присутни е ограничен на 12.
Сите ќе бидат на трибината за новинарите и секој ќе има свое место за седење и ќе треба да се одржува препорачаната дистанца.

Бројот на фотографи исто така ќе биде ограничен и ќе може да влезат во салата вкупно 8 фотографи. Движењето на фотографите е ограничено исклучиво зад головите и без можност да се користи страната каде се сместени клупите на резервните играчи.

Сите барања за акредитации треба да бидат испратени од ОФИЦИЈАЛЕН Е-МАИЛ НА РЕДАКЦИЈАТА најдоцна до СРЕДА, 27 ЈАНУАРИ 2021 година ДО 10 ЧАСОТ на следната адреса:

media@rkvardar1961.com

Местото на влез во салата ќе биде дополнително потврден, и на самиот влез на секој акредитиран новинар ќе му биде измерена температура. Секој акредитиран новинар ќе треба претходно да пополни и достави листа со сопствените податоци во случај да има потреба од дополнително контактирање.

Со цел да не се создаде метеж пред натпреварот ве молиме навреме да дојдете во сала бидејќи влегувањето ќе трае подолго од вообичаената процедува.

На влез задолжително ќе треба да се изврши дезинфекција. За време на движење во салата и за време на натпреварот задолжително е користење на маски на лицето. Движењето во салата треба да се сведе на минимум. Се препорачува да имате со себе вода или течност за пиење бидејќи во салата нема да има продажба на пијалаци.

Нема да има микс зона и можност за земање изјави на терен или покрај теренот. Се препорачува користење на информациите од клупскиот веб сајт и каналите на социјалните мрежи на клубот, или телефонски контакти со играчите и стручниот штаб.

Во текот на натпреварот клубот ќе обезбеди одреден број фотографии за слободна употреба што ќе бидат достапни на социјалните канали на клубот. По натпреварот ќе бидат обезбедени аудио изјави од тренерите на екипите од клучните играчи.

понеделник, 25 јануари 2021 - 10:57