Приоритетна продажба на билети за осмина-финале на ЕХФ лигата на шампиони на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански“

Од утре (16 март 2022) до петок (18 март 2022 година) приоритетна продажба на билети за осмина-финалето на ЕХФ лигата на шампионите ќе се врши и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански" во периодот од 17,30 до 19,30.

Покрај на билетарницата, продажба (замена) на сезонските билети со влезници за мечот со Веспрем од осмина-финалето на ЕХФ лигата на шампионите ќе се врши и на сите продажни места на КупиКартиЗаСе ( https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations )

Сакајќи да им се излезе во пресрет на оние сопственици на сезонски билети кои во текот на денот се на своите работни места, следните три дена замена (продажба) на влезници за мечот со Веспрем ќе може да е изврши и во Скопје на билетарницата на СЦ „Јане Сандански"

Предност во продажбата ќе имаат сопствениците на сезонски билети кои поседуваат доказ дека имаат купено билет. Секој што има сезонски билет, со покажување на истиот има можност да го купи истото место во салата.

ЦЕНАТА НА БИЛЕТИТЕ ОСТАНУВА ИСТА останува ИСТА како и за мечевите од групната фаза.

Продажбата на овие билети ќе трае до 25 март, по што ќе почне продажба на поединечни билети за истиот натпревар.

Дополнителни информации можете да добиете на:
маил: contact@kupikartizase.com
телефон: 02 / 323 98 60

Цени на билети по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 - цена 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 - цена 400 ден.

Блок 1,2 и 9 - цена 350 ден

 

вторник, 15 март 2022 - 20:37

Share on Facebook