Пријателски мечеви со Еурофарм Работник и со АЕК

Во малата сала од СЦ „Јане Сандански" утре (понеделник) во 12 часот екипата на Еурофарм Работник ќе одигра контролна средба со Вардар. Тоа ќе биде нова шанса за „црвено-црните" за воигрување пред заминувањето за Саудиска Арабија. Влезот на овј натпревар е слободен.

Пријателски натпревар ќе се одигра и со АЕК, но истиот ќе биде од затворен тип. Грчкиот тим го освои турнирот во Струга што се играше претходнава недела.
Еурофарм Работник го освои второто место на турнирот во Струга во саботата, а заминуваат веднаш на нов турнир во Добој.
Битолскиот тим заедно со Вардар ќе играат во СЕХА Гаспром лигата и во ЕХФ Лигата на шампионите.

Вардар следната недела заминува за С.Арабија на Супер Глоуб, неофицијалното клупско СП.

 

недела, 18 август 2019 - 11:59