Пријателски меч Вардар - Металург

Пред продолжувањето на пролетниот дел од сезоната Вардар ќе го одигра и вториот контролен натпревар. Овојпат наш ривал ќе биде градскиот ривал Металург. Натпреварот е закажан за 29 јануари во СЦ „Јане Сандански"

По барање на екипите натпреварот ќе биде од затворен тип (без присуство на публика) со цел да имаат можност за испробување на повеќе тактички варијанти.
Ова ќе биде втор меч за „црвено-црните" откако на првиот го победија Еурофарм Пелистер со 32-28.

За Вардар ова ќе биде уште една можност да се испробаат сите варијантаи пред заминувањето за Германија каде на 5 февруари треба да играме со Кил во 11 коло од ЕХФ лигата на шампионите.

Вардар се подготвува за продлжението на СЕХА Газпром лигата и веќе на 5 февруари треба да игра во Германија против екипата на Кил. Потоа следуваат уште три средби, на домашен терен со Мотор (15 февриари), во гости кај Порто (22 февруари) и последниот меч со Монпелје во Скопје на 29 февруари.

 

вторник, 28 јануари 2020 - 16:14