ППД Загреб е ривалот на Вардар во осмина-финалето на ЛШ

Хрватскиот првак ППД Загреб е противник на Вардар во осмина-финалето на Лигата на шампионите.
Првиот меч од осмина-финалето се игра во Хрватска во перидото од 20 до 24 март. Реваншот е во Скопје во перидот од 27 до 31 март.

Наскоро во соработка со ТВ куќи што ги имаат правата и клубовите ќе биде одредени и термините на одигрување на средбата.

Дуелот меѓу Вардар и ППД Загреб со право го носи насловот Регионално дерби, бидејќи двата тима веќе осум сезони постојано настапуваат во СЕХА Газпром лигата.

Победникот од двомечот меѓу македонскиот и хрватскиот шампион во четврт-финалето ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Пик Сегед и Висла Плоцк.

Двојки за осмина - финалето во ЛШ:
ППД Загреб – Вардар
Спортинг – Веспрем
Висла Полцк – Пик Сегед
Мешков Брест – Фленсбург
Мотор Запорожје – Киелце
Рајн-Некар – Нант.

Директен пласман во четврт-финалето обезбедија победниците на А и Б групите, Барселона и ПСЖ.

 

понеделник, 4 март 2019 - 10:25