Познати термините за последните четири кола од ЕХФ лигата на шампионите

ЕХФ во соработка со клубовите и ТВ куќите што ги прават преносите ги одредија термините за последните четири кола во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите. Последните четири кола ќе се одиграат во февруари 2020 година, веднаш по завршување на машкото Европско првенство.

Вардар почнува со гостување, во Германија кај Кил на 5 февруари, и завршуваме со домашен натпревар против Монпелје, на 29 февруари. На 15 февруари сме домаќини на Мотор Запорожје, а на 22 гостуваме во Порто.

Своите натпревари Вардар ќе ги игра во термин од 17,20 часот во СЦ „Јане Сандански".

Саатница на последните четири коло од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите

5 февруари 2020: Кил - Вардар (19 ч.)
15 февруари 2020: Вардар - Мотор (17,30)
22 февруари 2020: Порто - Вардар (19,30)
29 февруари 2020: Вардар - Монпелје (17,30)

За секој домашен натпревар дополнително ќе биде објавено кога ќе бидат пуштени во продажба билетите.

 

среда, 20 ноември 2019 - 10:50