
Европската ракометна федерација заедно со клубовите учесници и ТВ куќите ги дефинираа термините и саатниците на натпреварите од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите. Вардар1961 во десетте дефинирани термини, седумпати ќе игра во среда, а трипати во четврток.
Сезонава Вардар1961 ќе игра во група во ЛШ заедно со екипите на ПИК Сегед, Киле, Алборг, Мешков, Монпелје, ППД Загреб и Елверум.
Распоред на мечевите на Вардар за првите 10 кола.
1 коло, 15.09.2021
Елверум – Вардар 18,45 ч.
2 коло, 22.09.2021
Вардар – Мешков Брест 20,45
3 коло, 29.09.2021
Вардар – Алборг 18,45
4 коло, 13.10.2021
Вардар – Монпелје 20,45
5 коло, 20.10.2021
Алборг – Вардар 18,45
6 коло, 27.10.2021
Вардар – Кил 20,45
7 коло, 18.11.2021
ПИК Сегед – Вардар 18,45
8 коло, 25.11.2021
Вардар – ПИК Сегед 20,45
9 коло, 02.12.2021
Кил – Вардар 20,45
10 коло, 08.12.2021
ППД Загреб – Вардар 20,45