Познати саатниците за ЛШ: Вардар првпат домаќин на 23 септември

Во првите пет кола Вардар трипати ќе биде домаќин, и двапати ќе гостува.

Новата сезона во групната фаза од лигата на шампионите за европскиот првак Вардар почнува на 17 септември со гостувањето во Полска, кај Висла Плоцк. Натпреварот е закажан за 19 часот. ЕХФ во соработка со клубовите и ТВ куќи ги одредија саатниците за првите пет кола во групната фаза.

Вардар е во група со Висла Плоцк, Нант, ППД Загреб, ПИК Сегед, Кристијанштад, Рајн Некар и Барселона.

Во првите пет кола Вардар трипати ќе биде домаќин, и двапати ќе гостува.
Домаќини сме на Нант, ППД Загреб и Барселона, а ќе гостуваме кај Висла Плоцк и ПИК Сегед.

1 коло (17 септември): Висла - Вардар 19 часот
2 коло (23 септември): Вардар - Нант 17,30 часот
3 коло (1 октомври): Вардар - ППД Загреб 17 часот
4 коло (7 октомври): ПИК Сегед - Вардар 17,30 часот
5 коло (14 октомври): Вардар - Барселона 17,30 часот

 

вторник, 8 август 2017 - 19:59